Храна која го забрзува метаболизмот



Побрз метаболизам се постигнува со храна побогата со белковини, кои двојно побрзо ги вадат калориите отколку јаглените хидрати.


Килограмите се топат побрзо со побрз метаболизам, а за да ја разбудите оваа „заспана убавица“ во своето тело треба малку повнимателно да ја избирате храната. Белковините го поттикнуваат метаболизмот на двојно побрза работа отколку јаглените хидрати, па затоа, на пример, рибата е одличен избор затоа што го зголемува согорувањето на мастите во телото.

Кафето и зелениот чај за 10 пати ќе го забрзаат метаболизмот ако пиете по три шолји на ден. Така ќе потрошите околу 60 калории дневно, сто гледано на месечно ниво не е занемарлива бројка.


Подеднакво и ладните пијалаци ќе го натераат телото на зголемена потрошувачка на енергијата, но при тоа пазете на калориите што ги содржи самиот пијалак.

Најдобар избор се лутите пиперчиња, црвени или зелени, бидејќи тие ги поттикнуваат ензимите кои учествуваат во создавањето масти и така го подобруваат согорувањето на калории и правилното искористување на енергијата во телото. Доволно е по едно пиперче на секој оброк.