Хип-хоп настан на 2015 година – продуцентот на Еминем гостува во Скопје 



„Скопје се подготвува за хип хоп настапот на годината? Тоа ми се допаѓа. Ќе биде жешко!”, вели Статик Селекта, човекот кој работи со дел од најголемите светски хип хоп имиња, вклучувајќи ги Еминем, Нас, John Legend, G-Unit, Action Bronson, Royce da 5’9”, a е главен диџеј на турнејата на најновиот глобален хип хоп играч, Joey Bada$$.

Тричасовниот ДЈ сет на годината, е закажан за Недела (21.06). Старт – на полноќ. Скопскиот терен во Клуб Central Park за Статик ќе го подготви Dj Shorty P aka Pancho со свој warm-up сет. Билетите ќе бидат во продажба пред настанот, на билетарата на клубот, по цена од 150 денари.  


Статик Селекта, гордиот продуцент на хитот „Detroit vs. Everybody” на Еминем, на кој се појавуваат уште Big Sean, Dej Loaf, Royce da 5`9, Trick Trick и Danny Brown, доаѓа во Скопје!

Секогаш е тешко да се најави гостување на артист чија кариера ги достигнала светските xип-хоп врвови и топ листи. Неговиот потпис стои на траки кои ги изведуваат артисти од рангот на Еминем, Нас, John Legend, AZ, G-Unit, Аction Bronson, Royce da 5’9”. Воедно, Селекта е главен диџеј на турнејата на новата, светска хип хоп фигура Joey Bada$$, како и водител на емисија на Shade 45, радио станицата чиј сопственик е Еминем. Во организација на SureShotz Entertainment, овој човек повторно го стави Скопје на светската хип хоп карта, како дел од неговата Lucky 7 турнеја.


„Скопје се подготвува за хип хоп настапот на годината? Тоа ми се допаѓа. Ќе биде жешко!”, вели Статик Селекта, моментно најактуелниот хип-хоп диџеј и продуцент во светот. Музичкиот пат му започнува под влијание на Dj Premier и Dj Funkmaster Flex. Во 2006 година ја основа сопствената „Showoff продуцентска куќа, чиј прв објавен сингл е “Out the Gate” на Termanology. Своето прво LP – “Spell my name right” го промовира во 2007 година, а второто насловено како “Stick 2 the Script” само две години подоцна. Во моментов е на турнеја на која го промовира последното од него, „Lucky 7”, а Скопје ќе биде едно од среќните места каде Селекта, екслузивно, ќе ги врти неговите плочи.

Тричасовниот ДЈ сет на годината, како што веќе го нарекоа љубителите на хип-хоп културата, е закажан за Недела (21 јуни). Место – Клуб Central Park. Картите по цена од 150 денари, ќе можат да се купат на билетарата на клубот пред почетокот на настанот, кој е закажан за точно на полноќ. Скопскиот терен во Клуб Central Park за Статик ќе го подготви Dj Shorty P aka Pancho со свој warm-up сет.