Loading...

Фузијата на Hip-Hop, Trip-Hop и Electronica: Orange Groove на UNDERFEST 2019


Orange Groove (Оринџ Грув) е музички проект кој е фузија на Hip-Hop, Trip-Hop и Electronica, и официјално датира од 2015 година со почетокот на снимањето на албумот “Armageddonia”.

Албумот е инспириран од пост-апокалиптичната-политичката состојба во Македонија која е претставена преку очите и ушите на еден уметник.

Со дузина настапи низ Скопје и Македонија меѓу кои и Freedom Lyrics, D-Fest со Караванот на Слободата, IYC2018, Bob Marley’s day и повеќе соработки со различни артисти, Orange Groove ја има честа уште еднаш на сцената.

Orange Groove(Оринџ Грув) ќе се претстави на UNDERFEST 2019 во неделата на 07 април, 2019-та година. Влезот за сите посетители е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/