Во последните 50 години се направени повеќе студии кои го потврдуваат сомневањето на научниците дека тефлонот во кујната може да предизвика канцерогени заболувања, проблеми со тироидната жлезда, па дури и неплодност. Затоа во 2005 година САД го забрануваат користењето на тефлон во садовите за готвење – грејс периодот завршува на 31.12.2014 година.
Алуминиумските садови се доста широко користени, бидејќи се многу лесни, но тие се исто така лош избор, бидејќи честичките од металот лесно минуваат во храната за време на нејзината подготовка. Високите нивоа на алуминиум во човечкиот организам може да се причина за рак и Алцхајмерова болест.
Тенџерињата од леано железо и тави се многу отпорни, загреваат рамномерно, иако бавно, но подготвената храна во нив содржи повеќе железо. При долга употреба леаното железо може да биде токсично и да стане причина за болести или моментални болки.
Добро е да се знае дека при производството на керамички, емајлирани и стаклени садови се користи олово. Тоа ги прави садовите отпорни на удар.
Текстот продолжува на следната страна

Категорија: