Фрлете ги овие тенџериња! Тие предизвикуваaт опасни болести



Најнапред да кажеме дека било кој сад да се користи за готвење, на премногу високата температура – над 250 степени целзиусови, не е добар избор, без разлика дали станува збор за печење, пржење или скара – ги уништува корисните квалитети на хранливите материи и влијае врз структурата на садовите за готвење.


Освен тоа се лачи поголемо количество од опасните хетероциклични амини (HCA) кои ги стимулираат слободните радикали и во голема мера ја оштетуваат ДНК-та. Најмалку хетероциклични амини се формираат при печење во печка, или варење во вода и пареа.

Националниот институт за рак на САД објави дека месото кое е ставено во микробранова печка за две минути пред готвење, е со 90% намалена содржина на хетероциклични амини.


Исклучително важно е внатрешноста на садовите за готвење да не е изгребана или испукана. Затоа, ако имате во вашата кујна такви садови, треба да се разделите со нив, колку и да не сакате.

Најлошиот избор се тенџерињата и тавите со тефлон слој. Медицинскиот центар “Џонс Хопкинс” во САД објавија дека перфлуороктановата киселина користена при производството на тефлонот, циркулира во крвта на речиси секој Американец. Во процесот на готвење, особено при високи температури, тефлонскиот слој се распаѓа и постепено преминува во храната.
Текстот продолжува на следната страна


Страни: 1 2 3