Флека со концертна промоција во четврток



,,Флека”, новиот бран на урбани музичари знаат што е тоа квалитетна музика со одличен звук.


Музиката која тие ќе ја пренесат до Вас е блуз, фанк, хип-хоп, џез, кој во нивна изведба звучи подобро и од оригиналот.

Ова е новиот бенд на Тони Зен, кој заедно со Нино Васков (Стерео Рекордс) се носители на овој проект кој заслужува Ваше внимание.


Затоа во четврток, 16. април, бидете дел од Концертната промоција на ,,Флека”, со почеток од 20 часот, во МКЦ (Младински Културен Центар), Кино Фросина.