Еве што вели Оливија Вајлд за сексуалните сцени



Американската актерка со ирско потекло, Оливија Вајлд, на нас најдобро позната по улогата во мега популарната серија Др. Хаус.


Еве што вели Оливија Вајлд за секс сцените во целина: “Секогаш има еден многу дебел и многу влакнест човек кој е облечен во кратка маичка и држи микрофон.

Не знам од каде се појавува, имам чувство дека демне кога ќе се снима секс сцена и си вели “О, по секоја цена треба да сум таму и мојот стомак да е на нивото на лицето на Оливија”.


Луѓето си замислуваат дека сексот во филмовите е супер побудување, но всушност има 50 лица во соба.

Сопирањето и почнувањето повторно, секогаш ме насмевнува. И природно, секогаш има некој кој вреска “давај уште, уште, уште “.