Еве каде ја најдоа 29 годишната велешанка – Исповед на жената што успешно ја пронајде Александра



Граѓани кои самоиницијативно организирале групи за потрага на исчезнатата 29-годишна Александра Скорниева ја пронашле утрово во провалија под мостот на браната на велешкото езеро Младост.


Прва ја забележала велешанка која била дел од потрагата, која за Батали.нет раскажа како ја пронашла младата Александра, но сакаше да остане анонимна.

„Околу 9:30 утрово стигнавме со џип пред мостот на езерото и јас излегов од возилото. Тргнав да се движам по мостот пеш и од провалијата слушнав тивки повици за помош. Се наведнав, но од бујното зеленило, не можев да забележам од каде доаѓаат повиците.


Викнав, а девојчето рече дека ќе ги заниша гранките за да можам да забележам каде е. Беше во седечка положба. Ја прашав дали се вика Александра и таа ми потврди.

Продолжува на следната страна


Страни: 1 2