Како да го забавите стареењето на вашата кожа?



Појавувањето на брчки е првиот сигнал дека вашата кожа влегува во своите „зрели години“ и дека ѝ е потребна поделикатна нега од обично. Кожата ја губи еластичноста со секој изминат ден и затоа е важно таа правилно да се негува, со цел да се одржи нејзиното здравје и изглед.

Правилната грижа за кожата започнува од идентификување на формула која најдобро ќе одговори на нејзините потреби. Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity day cream SPF 30 Дневниот крем за нега ја зајакнува кожната структура со подобрување на еластичноста и пополнување дури и на длабоките брчки.

Уникатната иновативна формула нуди многу придобивки за зрелата кожа која ги чувствува првите ефекти на стареење. Таа вклучува хијалуронска киселина со висока и ниска молекуларна тежина којашто помага за видно намалување на брчките. Бидејќи хијалуронската киселина е екстремно хидрофилна молекула (таа се акумулира и врзува количина на вода што е 1000 пати поголема од сопствената тежина), таа обезбедува длабока хидратација и младешка кожа.

Арктиин (активна состојка којашто докажано го забрзува обновувањето на колагенот во кожните клетки), кој е дел од составот на Hyaluron-Filler + Elasticity, делува во комбинација со силимарин (моќен антиоксиданс којшто ги заштитува колагенот и еластинот од оштетувања и ја подобрува микроциркулацијата на крвта во кожата, на клеточно ниво). Кожата е поцврста и изгледа свежа и сјајна.

Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity Дневниот крем има и SPF30 и UVA филтер за дополнителна заштита од сончевите зраци, коишто можат да ги продлабочат брчките и да го забрзаат процесот на стареење.

Губењето на природната хијалуронска киселина е една од причините поради која се појавуваат брчки, па затоа идејата за враќање на младешкиот изглед и пополнувањето на брчките со оваа киселина има совршена смисла. Производите на Eucerin збогатени со хијалуронска киселина ќе ја направат кожата на вашето лице мазна и еластична преку специјалната формула за подмладен и сјаен изглед.