Дуке и пријателите со втор концерт



Поради огромниот интерес, закажан е втор концерт на Дуке и пријателите, за 21ви февруари (недела) во „Метрополис“ арената. Првиот концерт е РАСПРОДАДЕН!


Билетите се веќе во продажба на сите продажни места на Купи карти за се, како и онлајн на www.kupikartizase.com. Со секој купен билет, следува подарок DVD.

По успешното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, ова е прв голем концертен проект на Дуке Бојаџиев, кулминација на сета негова досегашна концертна работа, зачинет со врвни музички гости, поезија и камерен оркестар.


Тој ќе се претстави во малку поинакво издание, поразлично од досегашните, заедно со неговите пријатели и соработници: гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, најголемата македонска ѕвезда Каролина Гочева, легендарниот актер Никола Ристановски, светски познатиот кларинетист Исмаил Лумановски, светски реномираната пејачка Тања Царовска и перкусионистите Матијас Кунзли и Костас Анастасијадис – сите придружувани од камерен оркестар, под диригентство на маестро Саша Николовски- Ѓумар.