ДНК тестови за наоѓање на совршен партнер



Сајтот SingldOut.com бара од своите членови ДНК тестови преку кои тие ќе го најдат идеалниот партнер во животот, пишува весникот “Дејли мејл”.


Сајтот испраќа на наведената адреса на корисникот посебен ДНК комплет. Тие треба да дадат примерок од својата плунка, а потоа да ја вратат назад на сајтот.

Епруветата се испраќа во специјализирана лабораторија каде се трага по две важни генетски ознаки.


Првиот го проценува серотонинот, кој е одговорен за тоа како луѓето се справуваат со позитивните и негативните емоции.

Вториот таг ги содржи гените одговорни за имунолошкиот систем на поединецот.


По една недела резултатите се појавуваат во профилот на корисникот.

Тие можат да бидат споредени со оние на другите луѓе кои се регистрирани во сајтот.

Според стручњаците има силна врска меѓу паровите со долгорочната врска според нивоата на серотонин и состојбата на нивниот имунолошки систем.

Таксата за регистрација на сајтот е 199 долари за три месеци, 249 за шест и 299 – за една година.

Членовите на сајтот имаат право и на психолошка помош од професионалци.