Диетата со јаболка – најздравото губење килограми



Диетата заснована на три јаболка дневно ја смислила американската  нутриционистка Теми Флин. Нејзина


идеја е да се јадат задолжително по три јаболка дневно, односно по едно пред секое главно јадење, доручек, ручек и вечера. Таа уверува дека со ваквиот начин на исхрана може да се ослабне по еден килограм секоја недела, но исто така нагласува дека сепак треба да се внимава и на храната која се внесува за време на главните јадења.

Што е главната идеја на диетата? Главната идеја на диетата со јаболки е пред секој главен оброк да се внесуваат растителни влакна кои ги има во јаболкото. Откако ќе изедете едно јаболко пред доручекот, нема да можете да внесете толку обилен оброк, а и желбата за јадење на благо ќе ви биде намалена.


Можеби сте скептични околу ова, но докторката експериментирајќи на своите пациенти утврдила особен успех со примена на оваа диета.

Флин нагласува дека треба оброците да не бидат обилни и да бидат со што помалку маснотии. Во прилог ви даваме шема како би требало да изгледаат оброците со примена на диетата со три јаболки на ден.


Доручек:

– 1 јаболко
– Омлет со обезмастено сирење
Предпладневна ужина:
– Парче обезмастено сирење
– Чаша нискомаслен јогурт

Ручек:

– 1 јаболко
– Парче пилешко месо
– Салата од брокула
После пладневен оброк
– Капучино шејк

 Вечера:

– 1 јаболко
– Парче лосос на скара
– Зелена салата

Заедно со оваа диета докторот препорачува и 30 минутно редовно вежбање или трчање барем 4 пати неделно.

Кои се општите придобивки од оваа диета?

– Како што сигурно веќе знаете јадењето и барем едно јаболко дневно е од особена корист за вашето здравје.

– Јадењето три јаболки дневно ги намалува шансите за прејадување.

– Јадењето по три јаболки дневно делува превентивно против покачен холестерол и триглицериди во крвта.

– Диетата со јаболки промовира внесување на свежо овошје и зеленчук во организамот.

– Лесно може да се изведува без досадното броење на калории и строги режими на исхрана. Имајте во предвид дека горе понудената шема можете да си ја креирате според вашите можности и дека тоа е само приказ како би требало да изгледа.

– Оваа диета ја промовира физичката активност, па така, доколку повеќе физички сте активни поголем ефект и ќе добиете со диетата.