Трикови со шминка за да постигнете совршен изглед


Шминкањето е одличен начин да ги покриете недостатоците, но и да ги истакнете убавите страни.

Правите висажисти како сликари ги користат различните тонови и нијанси на пудрите за да создадат слика на поубаво лице. Еве неколку нивни трикови, како да постигнете совршен изглед.

Кратко лице

За визуелно малку да го продолжите лицето нанесете потемна течна пудра на подрачјето под образите, а потоа земете пудра со боја на вашата кожа и нанесете ја на целото лице, полека мешајќи ги двете нијанси на пудра. На овој начин ќе ги истакнете јаболкниците и лицето ќе изгледа подолго.

Широки образи

Ако сакате лицето да ви изгледа потесно, и за тоа има решение. Нанесете потемна нијанса пудра на надворешната страна на образите, а потоа, исто како во претходниот случај, нанесете ја и пудрата која вообичаено ја користите.

Мала брада и големо чело

Ако имате мала брада, тогаш на неа нанесете посветла пудра за разлика од остатокот на лицето. Големото чело можете привидно да го намалите ако на него нанесете потемна пудра.

Нос

Носот може визуелно да се намали ако темната пудра ја нанесете под носот, односно на врвот на носот, а ако сакате да го зголемите на тоа месето нанесете посветла пудра. Тесниот нос ќе го направите да изгледа подебел ако од страните на носот исенчате со светла пудра, а широкиот нос ќе го стасните ако од страните нанесете потемна пудра. Секогаш внимавајте да не оставите видливи линии меѓу светлата и темната пудра.