Дедо Мраз, ајде врати ми го тато, те молам! Се се уништи без мојот херој



Дедо Мраз, можеби сите други деца сакаат пакетчиња, телефони и други материјални работи за Нова Година, но јас само сакам да го вратиш татко ми. Пред неколку години почина мојот татко, а тогаш јас бев малечка, но го сакав најмногу од сите. Секако ја сакам и мајка ми бидејќи таа е единствената која ме учеше како да живеам со таа болка и да одам напред, храбро.


Каде отиде времето кога тато се враќаше од работа и трчеше да ме прегрне, ми ја чешла косата? Каде отиде времето кога ме заспиваше заедно со мајка ми, каде заминаа тие среќни денови? Замина на работа и никогаш повеќе не се врати. Мајка ми иако беше уништена, продолжи да се бори храбро за нас, за мене и за брат ми, повеќе не и беше важен нејзиниот живот. Дедо Мраз, ајде врати ми го тато, те молам! Без тато се е уништено, мајка ми работи како чистачка за парче леб и дене и ноќе, а децата си поигруваат со мене бидејќи сум поразлична од нив. Се се уништи без мојот херој. Те молам Дедо Мраз, врати го тато за да бидеме среќно семејство како порано.

Автор: Марија Николова, жива меѓу мртвите