Дами, импресионирајте ги овие мажи



Сите знаеме – еден маж треба да не импресионира, победи, освои. Требаат напори, гестови, херојства. Тој треба да биде таков или онаков, различен, но и не премногу. Воспитан џентлмен, но и груб. Мажот треба и мора, и треба, и треба …


А од нас се бара да бидеме принцези, кои чекаат да бидат спасени. Треба да бидеме привлечни, сексипилни, убави.

Девојки, сите знаеме дека сме многу повеќе од надворешност и ако сакаме мажот тоа да го види и оцени, треба сами да направиме така што ќе изгледаме и ќе се однесуваме како силни и интересни личности.


Прво правило: Не биди кукла на конец.

Прикажи карактер на девојка. Бори се за она што го сакаш, кажи го своето мислење јасно и гласно, не оставај да те манипулираат – вистинските мажи ја оценуваат силната жена до себе.


Второ правило: Бидете љубопитна.

Читај, учи, усовршувај се, биди амбициозна, следи ги целите, не се плаши од новото. Вистинските мажи ги оценуваат жените истражувачи, со кои има за што да зборуваат.

Трето правило: Не плаши се од чувствата.

Ти си жена и си емоционална. Или пак не сакаш да покажуваш што се случува во твојата душа – не е важно, и во двата случаи не треба да се плашиш од она што го чувствуваш. Мажите ги оценуваат жените кои можат да им ја дадат љубовта, што им е потребна.