APOCALYPTICA во Скопје!



Со огромно задоволство сакаме да ве информираме дека една од највозбудливите и најатрактивни атракции во концертната индустрија во светот APOCALYPTICA – доаѓа во Скопје.


Во Скопје интензивниот, гласен и експлозивен бенд APOCALYPTICA доаѓа во склоп на огромната светска турнеја на која го промовираат актуелниот албум „SHADOWMAKER“.

Oсмиот студиски албум „SHADOWMAKER“ објавен е на 17 Април и содржи 10 нови песни и за прв пат го вклучува вокалот Franky Perez кој со бендот настапува во живо на оваа турнеја. Влегувањето на Perez во APOCALYPTICA претставува значеаен чекор напред за бендот. За прв пат имаат само еден вокал на цел албум што на песните му дава цврст и препознатлив звук различен од претходните албуми.


APOCALYPTICA ќе настапи во СРЦ Кале на 17ти Октомври, влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 8ми Јуни (понеделник) преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе.

Ова е второ гостување на APOCALYPTICA во Скопје после настапот во 2006 година на Скопско Лизгалиште кога сеуште не беа толку глобално популарни.


Авалон Продукција е организатор на концертот на APOCALYPTICA и ден претходно во Белград.