Ако сакаше да биде со тебе, тој ќе беше со тебе



Ова е за вас, девојки. Затоа е време да престанете со самозаблудите. Време е да престанете да чекате. И да ги трошите емоциите. Време е да го поштедите своето срце ….


“Тешко е да се проголта таквиот залак. Но, само вистината ќе го излечи твоето срце, а не самозаблудата во која сакаш да продолжиш да живееш. Време е да прифатиш нешто што веќе одамна знаеш:

Ако сакаше да е со тебе, ќе беше со тебе.


Причините да не сака да биде со тебе можат да бидат стотици. Можеби е кретен? Егоист? Можеби тие ги користел за да ја натера некоја друга да биде љубоморна? Или си му требала за да го засили неговото машко самољубие? А можеби едноставно не си жената за него. Не е важно што е причината. Не ја барај – не можеш да ја најдеш. Не можеш тоа да го промениш.

Ако сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе.


И не е важно дали е свесен, или не.

Тука не станува збор за него. Станува збор за тебе.

За тоа дека е време да погледнеш. И да продолжиш. Бидејќи не е важно колку си вљубена во него. Не е важно колку ти е пријатно со него. Не е важно колку различна те прави да се чувствуваш.

Ако сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе.

Страни: 1 2