Ако сакаше да биде со тебе, тој ќе беше со тебе



Тоа е вистината.


Се друго е лага. И бесмислена агонија.

Знам, ќе ти биде тешко да се забавуваш сама, кога си навикнала да се забавувате заедно. Ќе биде тешко да не разговарате, кога си навикнала да разговарате со часови. Ќе биде тешко да не се допирате кога си навикнала да те допира до утрото. И потоа …


Ако сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе.

Престани да му бараш изговори: “Има потреба од повеќе простор”; “Има потреба од време за себе”; “Се плаши да влезе во врска”; “Гради ѕидови, бидејќи сака да види дали го сакам доволно”; “Не сфаќа дека сме родени еден за друг.”


Помисли за начинот на кој се чувствуваш ти спрема него. Помисли колку е лесно и природно да доаѓа твојата љубов. Помисли за среќата што ја чувствуваш кога размислуваш за вашата иднина. За тоа како, ти е страв да не бидеш повредена. И подготвена си да му се посветиш на својот живот.

Сакаш да си со него. И со него. Не треба да те моли. Не треба да те убедува. Да те убедува. За тебе тоа не е прашање на избор. Туку на љубов.

А зошто тој не се чувствува така? Нема значење. Вината не е во тебе. Причината не е дека не си доволно паметна. Или доволно убава. Или доволно сексипилна. Причината е во него. Во неговото срце. Кое не е отворено за тебе така, како што твоето е отворено за него. Треба да го прифатиш. Иако ќе те боли. Иако ќе ти бидат потребни недели. Можеби месеци. Можеби повеќе. Но, ќе го заборавиш. Ќе те боли, но ќе се средиш.

Запомни: подобро е твоето срце да биде скршено еднаш, наместо да се разбива одново и одново секој пак кога го молиш да остане, секој пак кога го убедувате дека имате иднина, секој пат кога одбиваш да го пуштиш. Или да си одиш.

Знам дека го сакаш, но време е да почнеш да се сакаш и себе си. Време е да најдеш сили да ја изговориш оваа реченица:

„ Ако сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе. “

Автор: Ким Куиндлен

Страни: 1 2