5 модни трикови за послаб изглед



Можеби не сте свесни дека постои облека, односно крој на облека во кој изгледате покрупно отколку што сте. За среќа, постојат и спротивни примери – облека во која изгледате послабо.


Еве одлични совети во кои ќе “ослабете“ за само неколку минути. 


Темни фармерки

Фармерките треба да ја следат линијата на вашето тело, тие се тука да се прилагодат на вас, а не вие на нив. Темните фармерки се секогаш добар избор, а светлите нијанси околу колената ќе ви помогнат да изгледате уште повитки и повисоки. Над нив облечете маица која го прекрива струкот и на тоа ставете кратка јакна. Ова е идеален рецепт за секого.


Долги џемпери
Најголема грешка што ја прават жените е купувањето на поголем број на облека за да изгледаат послабо. Но таа грешка не вреди во случајот на долги џемпери или ланчиња. Подолгите облеки ја издолжуваат фигурата.

Струкирани фустани
Одлично ги прикрива недостатоците, ја следи линијата на телото и нежно паѓа. Одлична е за облик на тело во форма на песочен часовник. Доколку слаба точка ви се надлактите слободно облечете некое џемперче или пократко сако врз фустанот.

Туника
Широката туника може да звучи контрадикторно со обзир на досега предложените совети, но нејзиниот учинок може да биде чудотворен. Важно е да го дефинирате обликот на туниката со тенок ремен и секако да облечете чевли на висока платформа или високи потпетици затоа што колку сте повисоки толку послабо делувате.

Долги црни панталони
Црните панталони се амин на секоја жена која внимава на стилот на облекување. Доколку имате широки колкови, врз црните панталони можете да облечете шарена маица за да го оттргнете вниманието од колковите и да го пренасочите кон торзото или доколку сте среќница – кон градите!