Во петок oчекувајте интензивни врнежи од дожд



Во петок територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна воздушна маса од Медитеранот.


Поради тоа времето ќе биде облачно и доста свежо со врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Таму каде што врнежите ќе бидат поинтензивни се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Можна е и ретка појава на грмежи.


Во текот на ноќта кон сабота на највисоките планини не се исклучува можноста за краткотајни врнежи од снег.

Во текот на денот ќе дува умерен ветер од јужен правец кој на некои места повремено ќе се засилува, во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.


Температурата ќе биде доста ниска и ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени.

Информација: Температурите кои се очекуваат во петок ќе бидат значително под просекот и истите ќе бидат дури за околу 10тина степени пониски од просечните за овој дел од годината.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ, meteomax!