Следува ГОЛЕМА промена на времето – конечно добри вести



Изминатите денови и покрај тоа што територијата на Македонија се наоѓаше во поле на висок воздушен притисок имаше зголемена облачност додека на високите места и планините имаше магла и ниска облачност каде локално и повремено провејуваше и слаб снег и дуваше слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.


Денес (14.02.2017) времето ќе биде сончево со мала локална облачност особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во попладневните часови и тоа особено долж повардарието како и на високите места и на планините ќе се засилува по интензитет.

Минималната температура на воздухот ќе се спушти во интервалот од -9 до -1 степен додека на високите места како и на планините не се исклучува можноста истите да се спуштат околу или под -10 степени.


Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 2 до 8 степени.

Извор: meteomax.mk