Запознавање на семејството за време на новогодишните празници



Дојде време да го запознаете семејството? Ова е тежок чекор заг повеќето од нас. Затоа споделуваме неколку совети кои ќе ви помогнат оваа средба да ви претставува задоволство и, секако, да останете со здрав разум.


Испланирајте ги темите на разговор

Позадината на сите здодевни и клише прашања е секогаш добра. Но за да ги избегнете истите, договорете со партнерот теми на кои ќе разговарате за време на посетата.


Пробајте да ја превземете диринтската палка во свои раце. Пробајте вие да бидете иницијатори на сите разговори. На пример, се договоривте да зарговарате за зимскиот одмор. Едниот од вас нека каже:„ Еј, дали и кажа на мајка ми за резервацијата за скијање?“ И веќе следува половина час разговор за хотелот, местото и слично.

Но доколу се најдете во ситуација СЕПАК да добиете незгодно прашање на кое не сакате или не сте подготвени да одговорите, едноставно напуштете го тој разговор со:„ не сме размислувале за тоа“ или „сеуште е рано, можеби следниот пат кога ќе се видиме ќе можеме да Ви одговориме“.


Направете фамилијарен профил

Во зависнот од тоа каде одите, вие или вашиот партнер треба да направи краток профил на фамилијата. Треба да ги знаете правилата на игра во семејството на другиот. На пример, дали постои некоја досадна тетка која мора кратко да ја истрпите или колку внучиња има или дали има некоја тема на која посебно многу сакаат да разговараат. На пример, доколку ви каже дека тетка му сака многу цвеќиња, пробајте да започнете разговор околу ладните температури и опстанокот на цвеќината. Веднаш ќе се направи атмосфера за разговор а таа ќе се чуствува дека нешто многу важно ве подучила.

Или, доколу чичко ви сака да планинари, кажете му на пратнерот да ја раскаже приказната кога се изгубил во шумата. Ќе следува повторно кратко предавање но секако ќе произлезе некоја тема на разговор од сето тоа.

Чувајте се меѓусебно

Може да се случи да посетата се случи во некоја викендица или во друг град. Веројатноста дека ќе преспиете е голема. Затоа од дома понесете работи кои ве прават да се чуствувате удобно.. Навлака за перница, лап топ, омилените папучи. Така, ќе можете да кажете дека сте уморни и ќе се повлечете во собата, само вие двајца. Пуштете некој филм и поразговарајте за вечерта. Времето поминато заедно ќе ви овозожи да се опуштите, да направите кратко резиме за секој и утре да продолжите со импресионирање.