Времето денес (30.12.2014) – Навечер со врнежи од снег



Студено утро во Македонија, еве некои од измерените температури во 07:00 часот


Скопје -9°C, Охрид -11°C, Прилеп -13°C, Гевгелија -3°C, Берово -13°C, Маврово -15°C, Штип -8°C, Тетово -12°C, Лазарополе -18°C, Струмица -8°C, Крушево -14°C, Битола -11°C, Крива Паланка -14°C, Кочани -13°C, соопштуваат од weather4all.com.mk.

Во Македонија по студеното утро во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Во попладневните часови зголемување на облачноста која во вечерните часови и во текот на ноќта ќе услови за слаби врнежи од снег. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -15°C до -6°C, а максималните дневни температури до -7°C односно до 0°C.


Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне наоблачување а во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до -3°C.

Во утринските и претпладневните часови во среда ќе провејува снег кој ќе биде проследен со силен северен и северозападен ветер а во западните предели и со североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40км/ч. Во попладневните часови врнежите ќе престанат. Утринските температури од -12°C до -4°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до -7°C односно до 0°C.