Временска прогноза за овој викенд: Еве што да очекувате



До крајот на оваа седмица повторно времето во државава ќе биде стабилно, суво и невообичаено топло за овој дел од годината односно сончево со мала локална облачност.


Умерена а понекаде и малку позначителна облачност ќе имаме во недела. Максималните температури на воздухот овие денови ќе се искачат во интервалот од 12 до 18 степени.

Нова промена на временската состојба кај нас и нови врнежи се очекуваат од понеделник кога ќе има и незначителен пад на температурата на воздухот.


Временската прогноза ја подготви meteomax.mk