Викендов 5то издание на танцовиот фестивал Dance OFF



Викендот 10-11.10.2020 пред спортскиот центар А1 Арена Борис Трајковски ќе се одржи јубилејното 5то издание на меѓународниот танцов натпревар DANCE OFF.
Во рамките на танцовиот викенд ќе се одржи и Куп во Модерни и Латино танци. Дел од учесниците на купот ќе ја претставуваат Македонија на Европското Првенство во Модерен, Џез и Класичен Балет кое ќе се одржи во декември во Варшава , Полска.


Поради ситиацијата со Ковид19 и ризикот од ширење на вирусот ,оваа година ќе изостанат натпреварувачите од другите земји , додека фестивалот ќе се одржи со ограничен број на перформанси и танчери од Македонија, под строго утврдени протоколи.

Dance OFF е празник на танцот и поддршка на танцовата уметност во овие тешки времиња. Идејата е да ги мотивираме младите да продолжат да се бават со танц и покрај многубројните ограничувања и искрено се надеваме дека ќе им значи да се појават на танцовата сцена после толкава пауза.


Овогодинешното издание на Dance OFF е само најава за она што треба да се случи наредната година во Скопје, а тоа е Европското Првенство во Модерен , Џез и Класичен Балет кое ќе се одржи во Јуни во Македонска Опера и Балет во организација на танцовите клубови „Break А Leg“ и „Eat The Beat“ од Скопје.