Видеото кое ќе ве откаже од цигарите



Авторите на студијата од Универзитетот на Оукланд утврдиле дека девет отсто ќе престанат да пушат ако издржат шест месеци без цигари, и ако примаат пораки и клипчиња на мобилниот телефон кои ги потсетуваат да се воздржат и ги поттикнуваат.


За споредба – стапката на успех меѓу кандидатите за непушачите кои не се потпираат на e-мотивација и совети, се само пет проценти.

Експериментот кој се случува преку мотивациона програма со пораки и видеа испратени секојдневно во текот на неколку недели, зафатил вкупно 4370 пушачи. Од нив 444 успеале да ги откажат цигарите. Меѓу истиот број пушачи кои не се потпираат на електронска помош, само 240 запреле да пушат за шест месеци.


“Откажувањето од цигарите е многу тешко. Знаеме дека луѓето често прават по неколку неуспешни обиди да престанат да пушат. Она што ние се обидуваме да го направиме е да им се понуди некаква можност”, велат новозеландски специјалисти.