Вака се подготвува здраво домашно кисело мелко (Видео)



Млекото треба да се излади до околу 35 степени. Најдобро е да користите млекарски термометар. Ако немате таков, допрете со најмалиот прст, бидејќи тој е најчувствителниот.


4. Ставете ја закваската.

Со 1 кофичка кисело млеко можете да скиселите од 2 до 3 литри млеко, за да се добие навистина добар јогурт.


Постојат неколку начини – зависи како ќе продолжи вашиот процес на скиселување.

4.1. Ако одлучите да ја скиселите целата количина млеко во еден сад:


Промешајте го јогуртот во кофичката и ставете го во тава кај свежото млеко.

Промешајте нежно, за да може lactobacillus bulgaricus од киселото млеко да се измеша со свежото млеко.

Затворете го садот и ставете го на топло место. Завиткајте го со весници и покријте го со топло ќебе или со друга постелка, за да може млечно-киселинската ферментација да протекува и вие да добиете густо кисело млеко.

5. Чување

Откако поминат 3 – 4 до 5 часа, вашето кисело млеко треба да е веќе готово.

За подетално погледнете во видеото:

Страни: 1 2 3