Брз и вкусен колач, кој е лесен за подготовка.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 4 рамни лажици брашно
- 3 рамни лажици шеќер
- 1 лажица какао
- половина лажичка прашак за пециво
- 1 јајце
- 3 лажици млеко
- 3 лажици сончогледово масло
ПОДГОТОВКА
Измешајте ги сите суви состојки. Потоа додадете ги јајцето, млекото и маслото и мешајте убаво за да не останат грутки. Смесата поделете ја во шолјучки и во секоја наполнете ја до половина. Ставете ги во микробранова печка и печете ги 3 минути.