13 машки трикови кои го топат женското срце



Ако мажот е добар со жената, таа умее двојно да врати. Зошто тогаш да не се обидете да го растопите нејзиното срце со нежни зборови и постапки?


Еве неколку корисни совети кои можете да ги користите како тајно оружје:

1. „Колку си слатка наутро“


Не постои поголем комплимент од тоа да и кажете дека таа изгледа најубаво во било кој временски период и без разлика на тоа дали е средена или не. Тоа ќе и ја засили самодовербата.

2. Земете го нејзиното мислење во предвид


Ако ја прашувате за совет или мислење и од неа го добивате нејзиниот став, тогаш земете го во предвид. Тоа ќе и покаже дека ја вреднувате нејзината интелигенција, размислувања и ставови.

3. Одете на шопинг со неа

Ако ви е потребна нова облека, слободно земете ја под рака вашата избраничка и побарајте нејзино мислење околу тоа што ви стои добро.

4. Понудете и масажа

Ретко кој не сака добра масажа по напорен ден, па ако забележите дека вашата партнерка е преморена зошто да не и ставите до знаење дека сте и на располагање? Понудете и масажа за релаксирање.

5. Покажете и ги вашите емоции

Не се обидувајте да глумите фраер кој ништо не го допира, туку слободно дајте и до знаење колку таа ви значи.

Страни: 1 2 3