ТАЖНА ЖИВОТНА СТОРИЈА ЗА МАЛИОТ ВАСКО ОД СТРУМИЦА



Децата немаат можност да бираат кои ќе им бидат родители, ниту пак во какви услови да се родат и растат. Така е и со малиот Васко од Струмица.


Роден во нефункционално семејство исполнето со многу насилство, алкохол и многу други стресни сцени, како најмлад од трите деца.

Малиот Васко од Струмица со само 14 години, за да го преживее секој нов ден принуден е да проси по улиците на Струмица. Токму на тој начин наш волонтер го запозна и стапи во контакт со него. Имено, Васко е третото и најмало дете од семејството, и едниственото кое мајката го напушта, и го остава во “Домот за деца без родители 11 Октомври ” од Скопје, каде поминува 3 години, сам и напуштен. Пред 6 месеци неговиот татко успева да го земе кај себе. Но, бидејќи таткото моментално е без работа и во многу тешка финансиска состојба, не е во можност да му ги овозможи на малиот Васко најосновните потреби за храна, облека, топол дом и образование.


Нашите волонтери од Струмица набавија нешто храна за неколку денови, како би го стивнале гладот на малиот Васко, но потребата од донирање на храна, средства за хигиена и друго сеуште е потребна.
Понтаму, забите на детето поради несоодветна превентива и лоша исхрана се многу расипани, така да итно се потребни финансиски средства за поправка на забите или евентуално некој стоматолог од Струмица да му ги поправи забите бесплатно. Наш волонтер доброволно ќе го придружува детето при посетите на стоматолог.
Истотака, Васко има проблем со видот и има потреба од очила. Така да потребни се финансиски средства за преглед и очила, или преглед и очила од некоја Оптика од Струмица.
Бидејќи, семејството живее во трошна куќа, без купатило, малиот Васко е принуден да се мие во полско вц. Токму затоа е потребно да се изгради економично купатило кое ќе ги задоволува основните потреби на семејството за бањање и тоалет.

Семејството има потреба од донација на следните средства:
Храна, Средсвта за хигиена, Фрижидер, Машина за перење, Електричен шпорет, Елементи за кујна, Под (мушама, ламинат, патос…..), Поликолор, 1 кревет со механизам за пуштање, Трпезариска маса со столици, Еден голем регал (ормар, полици за книги и сл). Голема завеса, Постелнина(чаршави, навлаки за перници, јоргански навлаки), Кебиња, 2 јоргани, 4 перници, 1 голем тепих, 1 тепих средна големина,


За изградба на Тоалет / бања:
1 вц шоља, 1 мијалник (за бања), 1 чешма за кујна, 1 чешма за бања (за мијалник), 1 чешма со туш, Водоводни и одводни цевки, Цимент, Песок, Лепак за плочки, Плочки, и останат материјал.

Лични потреби за малиот Васко:
Патики број 41, Летна и зимска облека, Чорапи и долен веш, Фармерки, Тренерки, поправка на забите, очен преглед и очила.

Лични потреби на таткото на Васко:
Облека
Обувки број 43
Вработување во градежна фирма во Струмица

Контактирајте не во порака, доколку сакате да донирате за ова семејство.