Таа само сакала да биде со неговиот син и неговото семејство, само тоа била смисла во нејзиниот живот … Но, кога неговата мајка умира ….



Не мислам дека има нешто посилно од љубовта на мајката кон нејзиниот син. Особено ако е единствен. Приказната која ќе ја прочитате е една од безбројните потврдувања. Тоа е сагата на заминат на “печалба” син во странство, кој го зел со себе семејството, но не и мајка си, а останала набргу потоа вдовица. Како и секоја вистинска сакана мајка и таа не ја давала волјата на чувствата. Болна или здрава, таа секогаш го чекала денот кога ќе се врати кај неа.


А тој – во долгите 16 години во странство – изгледа живеел со помислата дека сепак е добар син, бидејќи ја обезбедувал материјално, размислувал за неа, разговарал по телефон, и за време на одморите го поминувал поголемиот дел од времето со неа потсетувајќи се на времето кога си жживееле заедно. Сепак на крајот од годишниот неколкудневен одмор тој се враќал повторно назад – на печалба.

Со текот на времето и здравствените проблеми станале дел од животот, но тој секогаш го решавал лекувањето во престижни болници … Времето минувало, а таа само сакала да биде со неговиот син и неговото семејство, само тоа била смисла во нејзиниот живот, и се надевала дека ќе го дочека моментот тоа да стане реалност … Затоа болката, чувството за вина и немоќ да ги врати работите назад го обземаат овој 50 годишен маж, кога неговата мајка умира кротко во сон и тој доаѓа да ја испрати на нејзиниот последен пат. Нема да може да ја види кротката нејзина насмевка.


Затоа, синови, не ги оставајте своите родители, кои го дале животот за вас, сакајте ги, зошто тие секогаш ќе ве сакаат Вас!