Eвтин начин кој ќе ви помогне да го зголемите за еден број градникот



Има еден евтин начин кој ќе ви помогне да си ги одржите градите здрави, но и природно да го зголемите за еден број градникот.


Се` што треба е 30 дена секојдневно да ги масирате своите гради. Тоа ја зголемува циркулацијата, па дури и да не го постигнете саканиот ефект на поголеми гради, тогаш барем ќе бидете сигурни дека поради зголемената циркулација градите ќе бидат здрави и затегнати.

За почеток, истријте ги дланките една од друга додека не се вжештат. Потоа намачкајте ги со загреано масло, (изборот е ваш) па започнете со кружни движења во правец како што е прикажано долу на сликата.


Правете минимум 100 – 300 кружни движења наутро и исто толку пред легнување. Ако правите околу 300 движења, тоа ќе ви одземе отприлика 10 – 15 минути. Ако ја правите масажата 2 пати дневно, може да очекувате поголеми гради за 30 дена.

Една мешавина од масла посебно се препорачува, па ако имате услови, направете ја:


9 капки од масло од гераниум се мешаат со 16 капки со Ланг Ланг масло, а основата е 50 мл масло од бадем.

Избегнувајте да ги допирате брадавиците додека ги масирате градите.