Сведоштво за едно другарство: Пријатели во животот ги има многу но оние вистинските се многу ретки што можеш на прсти да ги изброиш



Низ животот на една личност поминуваат многу луѓе, едни ги поздравуваме само ако мораме а други ги гледаме еднаш и никогаш повеќе а трети ги запознаваме еднаш и траат за цел живот.
Ете од овие луѓе беше тетка Виле, и мајка ми кои си влегоа една во друга во своите животи случајно, и намерно остана засекогаш. Пријатели во животот ги има многу но оние вистинските се многу ретки што можеш на прсти да ги изброиш. Вас, двете ве спои Бог, ве направи од две во едно цело, вие за толку време најдовте нешто заедничко нешто што ќе трае. Тетка Виле, и мајка ми најдоа еден заеднички јазик, не им требаше време за да разберат дали ќе си веруваат една на друга, се се одвиваше толку лесно и спонтано, тие станаа две најдобри другарки, односно две сестри.
Многумина се обидуваат да ја разберат мајка ми, да ја поучат, да ја утешат понекогаш, но никогаш не успевале исто како што го правеше тетка Виле. Откако влезе во животот на мајка ми,(повеке од 60 години) во неа има нешто посебно нешто смирувачко во нејзиниот глас има нешто сосема друго не знам што, но има.


Најдобри другарки се, затоа што многу пати и ќе се заинаетат една на друга, ќе се разлутат, па повторно ќе си подадат рака како мали дечиња толку многу искрено и како ништо да не било. Што и да се случи добро или лошо веднаш се јавуваат една кај друга. Најдобрата другарка, никогаш не ја остава својата другарка сама, такви се они двете. Најдобри другарки се бидејќи ќе прават милиони глупости кој ги знаат само они двете, и кога грешат грешат заедно. Најдобри другарки се затоа што никогаш не си прават да се чувствуваат непријатно. Дали тоа била непријатна тишина или непотребни коментари. Но, они не го прават тоа. Кога се заедно, секогаш им е пријатно и секогаш има смисла. Не мораат да се објаснуваат ништо, и не мораат да се грижат дали ќе им ги разберат некој друг шегите. Тие веќе ги разбрале и продолжувале со наредната шега. Благодарам најмили мои! Навистина вие сте пример, за вистинско, ДРУГАРСТВО.
Што е реткост во денешницата.

Автор: Ана Дедова