Кога да јадете и вежбате во текот на неделата



Ги чувствувате ли потесни фармерките во понеделникот наутро? Не, не фантазирајте, бидејќи навистина сте качиле некое килце, зашто таков е циклусот на тежина. Секој човек губи слабо забележлив дел од килограмите во работните денови и го надополнува изгубеното во текот на викендот, а може и да стави нешто одозгора, се пишува во најновото истражување на универзитетот ” Корнел “.


Научниците тврдат дека она што ги разликува послабите од дебелите луѓе, не е колку се недебели во текот на викендот, а колку ослабеле во останатите денови од неделата.

Во истражувањето, кое ќе биде објавено овој месец во списанието Obesity Facts, учествувале 80 возрасни.


Заклучоците се дека субјектите тежат најмалку во петокот и најмногу во неделата вечер или понеделник наутро. Тоа е логично, бидејќи за време на викендите луѓето се опуштаат, имаат време за убав оброк и се оддаваат на мрзеливост и релаксација, пишува Women’s Health.

На оние кои сакаат да ослабат или да задржат тежина, научниците го нудат следново: повеќе спорт и умерени оброци во работните денови. Согорувањето на калории и потрошувачката на лесна и диететска храна во овој период е поефикасна, а освен тоа ќе можете да уживате на еден мирен викенд.