Српската писателка Бјелица пред да почине: Немам повеќе метастази и после 150 методи на алтернативно лекување, сега верувам во хемотерапија



Оваа изјава на познатата писателка Исидора Бјелица предизвика бура од негативни коментари по социјалните мрежи, зошто? Затоа што, во текот на нејзиното лечење од рак, таа напиша дури две книги, “Спас” и “Спас 2″ во кои им сугерираше на читателите како да се излечат по природен пат. Кога ја напиша првата книга, изјави дека е излечена, но по повторното прогресирање на болеста, ја напиша и втората, соопшти нмд.мк.


Таа за zena.blic.rs имаше изјавено дека повеќе нема ниту една метастаза, но благодарение на комбинацијата од хемотерапијата, биолошката и имунотерапијата!

Нејзината борба траеше тогаш веќе три години, а на почетокот, таа ја одбивала хемотерапијата, најмногу поради тоа што им верувала на оние кои ги шират теориите на заговор.


Исидора талкала помеѓу 150 различни алтернативни методи на лечење, и прито посетила 12 држави, барајќи го својот спас, но, ниту една од нив не и помогнала. Ракот на јајниците се ширел како пожар.

Продолжува на следната страна


Страни: 1 2