Што придонесува за безбеден онлајн шопинг?




Пронајдовте ново тренди парче облека онлајн, но сте загрижени дали трансакцијата ќе биде безбедна? Онлајн шопингот донесе многу придобивки за потрошувачите, како заштеда на време и пари, а нуди и многу подобра понуда на производи, која тешко може да се најде во традиционалните продавници.


Понудата на облека, електроника и на бела техника е особено голема и лесно достапна на онлајн платформите кои често нудат и достава во самиот пакет. Тоа во голема мера го олеснува целиот процес на нарачување.

Кога станува збор за безбедноста, за да бидете заштитени за време на шопингот, најважно е да одберете докажани и сигурни онлајн продавници, кои се грижат за своите потрошувачи и инвестираат во сериозни безбедносни системи. Еве неколку начини како да препознаете платформа што нуди безбеден онлајн шопинг.


Безбедни начини на плаќање

Една од основните причини зошто онлајн купувањето е безбедно за потрошувачите е достапноста на безбедните начини на плаќање. Платформите за плаќање и процесорите за кредитни картички користат техники за шифрирање на податоците за да ги заштитат важните информации на своите клиенти.

На пример, употребата на SSL (Secure Sockets Layer) овозможува безбеден трансфер на податоци меѓу клиентот и серверот на онлајн продавницата. Овој тип енкрипција ги штити личните и доверливи информации на клиентите од хакери и поединци што се дел од сајбер-криминални групи и се обидуваат да украдат лични податоци.


Доколку плаќањето се одвива на ваков начин, а модерните шопинг платформи речиси без исклучок користат енкрипција при преносот на податоци, тогаш нема причина за грижа и страв.

Докажани и сигурни платформи за онлајн шопинг

Доколку внесувањето на вашите лични податоци ви создава непријатност, најлесно ќе се ослободите од овој страв и ќе знаете дека вашите податоци се безбедни доколку се решите за платформи што се сигурни и докажани.

Ваквите компании инвестираат многу во спроведувањето безбедносни мерки, вклучувајќи редовни безбедносни ревизии, системи за откривање измами и политика за заштита на клиентите. На пример, платформи од овој тип се Amazon и eBay. Тие посветуваат огромно внимание за заштита на податоците на своите клиенти.

И на македонскиот пазар можат да се сретнат онлајн платформи кои вложуваат во своите безбедносни системи и во лојалноста кон своите клиенти. Пример за таква платформа кај нас е Ananas, која на своите потрошувачи им нуди повеќе од 100.000 производи, а на бизнисите одлична можност за пласирање на своите производи до што повеќе клиенти.

Ananas е познат на пазарот како најголемиот шопинг мол, ā на нет на кој, освен што ќе најдете одлични понуди по ниски цени, можете да бидете сигурни дека вашите податоци се сигурни и безбедни.


Рецензии од другите клиенти

Потрошувачите ја играат најголемата улога во создавањето безбедни онлајн платформи. Денес, секој може да сподели сопствено мислење на интернет и да напише коментар за некој производ и бренд. Тоа е возможно директно на платформата каде што се одвива шопингот или на некоја од многуте социјалните мрежи и страници наменети за рецензии.

Ваквиот тренд на оставање рецензии придонесе потрошувачите да добиваат квалитетна услуга и да се намали можноста за измами. Коментарите и рецензиите на другите потрошувачите ни даваат реален увид во квалитетот на производите и какво искуство  нуди одредена онлајн компанија.

Производите коишто ги купуваме онлајн ги гледаме само на фотографии коишто често не ја прикажуваат реалната состојба на производот, па токму затоа искуството на другите потрошувачи може многу да ни помогне.

Со читање на коментарите и рецензиите на останатите потрошувачи, можеме да дознаеме за предностите и маните на производот, состојбата, квалитетот, како и за репутацијата на самата онлајн продавница од која сакате да нарачате.