Што да очекуваме во април според хороскопот



Добро би било да започнете да се занимавате со некоја физичка активност во текот на овој месец, бидејќи ќе имате многу енергија и убаво би било да ја искористите на овој начин.


Ве очекува моќна романтична средба во периодот меѓу петнаесетти и шеснаесетти април. Сепак, генерално ова ќе биде убав месец на полето на љубовта за вас по шести април. Ве очекуваат многу интересни моменти.

Јарец


Најдобри денови: 1, 8, 9, 17, 18, 27, 28

Најстресни денови: 6, 7, 12, 13, 19, 20, 21


Најдобри денови за љубов : 6, 7, 12, 13, 14, 15, 16, 25, 26, 27

Најдобри денови за финансии : 1, 2, 3, 6, 7, 8, 9, 14, 15, 16, 17, 18, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30

Најдобри денови за работа/кариера: 6, 14, 15, 19, 20, 25, 26

Здравјето и енергијата ви беа на ниско ниво во текот на март, а тоа продолжува и во поголемиот дел од април. Не дозволувајте да бидете презаморени. Тоа ќе ви донесе повеќе лошо отколку што мислите. Обидете се да се релаксирате со масажа и поминувајте повеќе време во природа, бидејќи тоа ќе ви ги разбистри мислите.

Ќе се случат повеќе промени во однос на кариерата и тие ќе бидат затскриени, така што нивните ефекти ќе ги почувствувате подоцна.

Април ќе биде просперитетен месец за вас, со силна позитивна стимулација. Тоа ќе ви донесе зголемување на заработката и можност за плаќање на долговите. Постојат можности и за финансиска помош од надредените или пак членовите на вашето семејство. Оние кои бараат работа ќе се соочат со позитивни моменти на петнаесетти и шестнаесетти април.

Водолија

Најдобри денови: 2, 3, 10, 11, 19, 20, 21, 29, 30

Најстресни денови: 8, 9, 14, 15, 16, 22, 23

Најдобри денови за љубов : 6, 7, 14, 15, 16, 25, 26, 27

Најдобри денови за финансии: 1, 4, 5, 8, 9, 12, 13, 17, 18, 22, 23, 27, 28

Најдобри денови за кариера: 1, 8, 9, 17, 18, 22, 23, 27, 28

Вашата трета куќа на комуникација и интелектуални интереси станува многу елоквентна во текот на овој месец. Ќе се чувствувате моќно и ќе зборувате многу.

Ве очекува мала семејна драма на седми и осми април. Сепак, тоа не е ништо лошо бидејќи ќе ви помогне да се фокусирате на семејството и семејните односи.

Овој месец ќе донесе многу стари спомени и многу размислувања за работите кои се случиле. Многу нешта некогаш ќе ви изгледаат како катастрофи, а некогаш пак како мали инциденти. Ќе анализирате премногу и затоа потрудете се да се занимавате со нешто друго за да не размислувате за тие нешта.

Важно е да се одморите во текот на овој месец, бидејќи така ќе ги избегнете депресијата и нервозите. Обидете се да го одржите вашето расположение на позитивно ниво и да не дозволувате вашите лични нервози да предизвикуваат штета на односите со другите луѓе.

Љубовта изгледа среќно овој месец. Таа ќе биде присутна во вашиот живот во текот на целиот месец, и тоа во многу позитивен контекст.

Риби

Најдобри денови: 4, 5, 12, 13, 22, 23

Најстресни денови: 10, 11, 17, 18, 24, 25, 26

Најдобри денови за љубов: 6, 8, 9, 14, 15, 17, 18, 25, 26, 27, 28

Најдобри денови за финансии: 1, 6, 7, 8, 9, 14, 15, 17, 18, 24, 25, 27, 28

Најдобри денови за работа/кариера: 1, 8, 9, 17, 18, 24, 25, 26, 27, 28

Во овој месец ве очекува голем просперитет и многу можности во однос на работата. Тоа значи заработка од тргување, дополнителна па дури и нова работа. Ќе имате одлична професионална репутација која ќе ви помогне и да се чувствувате многу самоуверено.

Време е да се посветите повеќе на домот, семејството и вашата емоционална благосостојба. Вашето здравје ќе биде во добра состојба во текот на овој месец, но добро би ви дошле одредени промени кои ќе придонесат за негово подобрување.

И љубовта е среќно поле за вас во текот на овој месец. Сепак таа носи мали компликации. Ве очекуваат интересни средби во кафулиња, маркети, библиотеки и многу неочекувани места каде никогаш не би очекувале да најдете љубов и романтика. Сепак, доколку сте во врска, ова е клучен месец за надминување на разликите и конфликтите со вашата сакана личност.

Извор: skopjeinfo.mk

Страни: 1 2 3 4