Сексот за една ноќ – каде лежи опасноста?



Жените ја преземаат улогата на маж, заведуваат и оставаат


Тоа е резултат на општите промени во општеството – констатира доктор Миливојевиќ. „На луѓето денес не им е потребно семејство ниту љубов, како некогаш кога бракот бил основа за се. Мислат дека повеќето од своите потреби можат самите да си ги задоволат. Се однесуваат како да се во супер маркет пред полици со бројни слични производи“. Тој смета дека блиц авантурите на Балканот станале помасовни уште во
шеесеттите години на минатиот век.

„Иницијатори за тоа беа мажите. Ги отфрлаа девојките кои сакаа врзување и љубов. Тие сакаа само секс“, вели тој.


Во меѓувреме, жените ги презедоа работите во свои раце. Се појавија нови девојки, амазонки, кои први им приоѓаат на мажите, кои се отворени во своите сексуални понуди, кои преземаат иницијатива и кои на крај оставаат.

„Тие ги презедоа машките особини бидејќи кога ги набљудувале  браковите на своите родители, заклучиле дека мажите подобро поминуваат, а дека жените се жртви“ додава Миливојевиќ.


Тој исто така објаснува дека таквите девојки несвесно се поистоветуваат со мажите. За жал, тоа доведе и до фактот денеска  да има се повеќе девојки кои сексот го сметаат само како уште една од животните радости, спорт целосно раздвоен од љубовта.

Страни: 1 2 3 4