Loading...

Сексот за една ноќ – каде лежи опасноста?


Секој втор жител на планетата имал сексуално искуство за една ноќ. Тоа е резултат на големата интернет анкета во која учествувале 50.000 испитаници од двата пола, од сите возрасти, вери и раси.

На сексот денес се гледа како на обична забава, објаснува психотерапевтот доктор Зоран Миливојевиќ. Тој предупредува дека односите засновани исклучиво на секс релативно бргу се трошат, бидејќи нема љубовна рамка која ги облагородува.

Жешките приказни кои завршуваат, а всушност не ни започнале, станаа вообичаена работа. А, дали и колку се опасни, е прашање за експертите. Социолозите  напоменуваат дека данокот на такво однесување доведува до пораст на бројот на вонбрачни деца и на непотполни семејства, а психотерапевтот доктор.

Зоран Миливојевиќ тврди дека блиц авантурите можат да ја убијат љубовта.

„Врските за една ноќ се многу опасни. Ако станат прифатен образец на однесување ,ќе ги уништат сите надежи на оние кои сакаат вистинска љубов. Општеството, во такви услови, ќе стане хедонистичко, нарцисоидно и инфантилно. Ќе не опкружат голем број на егоистични поединци кои ќе гледаат прво да ги задоволат своите потреби. Ова е посебна закана за семејството, бидејќи во таква атмосфера луѓето нема да сакаат да влегуваат во брак, а со самото тоа ќе се раѓаат деца во нездрава средина и ќе се појават многу алтернативни модели на живеење“, истакнува доктор Миливојевиќ.

Страни: 1 2 3