Росица Мршиќ со деветнаесетта сезонска колекција



Деветнаесеттата сезонска колекција на дизајнерката Росица Мршиќ ќе биде прикажана на 24 април, во 20 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, во организација на Моден викенд Скопје.


Најновата колекција наречена „Celia“ е инспирирана од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни. Станува збор за урбана и некоформистичка шик колекција која претставува нов израз на дизајнерката Мршиќ која како што вели „се предизвика себеси да работи нетипични за нејзината работа, помеки и лелеави силуети“.

„Парчињата кои ги создавам ги портретирам како парчиња кои се за секој ден, секоја пригода но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени, ја прават „Celia“ карактерно романтична, авангардна и ласцивна“, рече Мршиќ.


Дизајнерката на накит Марта Поп Антоска инспирирана од креацииите на Росица Мршиќ изработи лимитирана серија на накит од стакло кој ќе ги надополни креациите.

За шминката на моделите ќе се погрижат „Radiant“ во соработка со мејкап артистот Јована Коциќ, а за фризурите „Lakme“ во соработка со „Studio LiLi“ .


Чевлите кои ќе ги следат креациите доаѓаат од бутикот „ VIA“. Поддржувачи на настанот се „Public Room“, „Пакомак“, „Lux“ и „Винарија Камник“.