(Рецепт) Природен ботокс за 50 денари: Направете, сами, маска за совршено испеглано лице!



Овој метод е достапен на сите а и многу поздрав…
Дами, немојте да трошите богатство на разни кремови и третмани кај козметичарите, туку со минимално пари и потполно природно можете да добиете совршено „испеглана“ кожа.
Овој метод е достапен на сите а и многу поздрав.
Потребно е:
1 лажица нишесте
5 лажици свеж сок од моркови
1 лажица кисела павлака
Подготовка: нишестето растворете го во половина чаша вода, а потоа истурете во помал сад во кој ќе додадете 100 мл. зовриена вода. Варете на ниска температура додека не се згусти. Кога смесата ќе се излади додајте ги сокот од морков и киселата павлака. Се’ убаво соединете.
Употреба: добиената и изладена смеса ставете ја на потполно исчистено лице и држете половина час. Потоа лицето измијте го со топла вода и нанесете хранлив крем. Остатокот од смесата чувајте го во фрижидер.
Истата постапка повторете ја и’ после три дена, после што ќе направите подолга пауза од еден или два месеци, во зависност од тоа како вашата кожа ќе реагира на овој третман.