Прва библиотека на плажа во Дојран



Со проектот ,,Библиотека на плажа”, Општина Дојран вложува во културата и влијае врз зголемувањето на процентот на читатели кај нас.– изјави градоначалникот на Општина Дојран, г-дин Борче Стамов


 Летните температури носат и супер новитети. Еден од нив е податокот дека Општина Дојран ќе отвори прва библиотека на плажа, која ќе биде уживање за сите посетители. Вљубениците во пишаниот збор ќе можат бесплатно да читаат и уживаат додека се на градската плажа во Дојран. 

,,Туризмот во Дојран од година во година се искачува на повисоко ниво. Инвестирањето во инфраструктурата, средувањето на градските но и приватните плажи, подобрување на сместувачките капацитети се дополнителни причини зошто Дојран е веќе полн и е атрактивна туристичка дестинација ова лето. Со проектот ,,Библиотека на плажа”, Општина Дојран вложува во културата и влијае врз зголемувањето на процентот на читатели кај нас.– изјави градоначалникот на Општина Дојран, г-дин Борче Стамов.


,,Бездомниикот со златен часовник”, ,,Рингишпил”, ,,Сеќавање на љубовта”, ,,Шепнувачот”, ,,Кругот на животот”, ,,Полноќна роза”, се само дел од насловите кои ќе можат да се најдат на рафтовите на “Првата Библиотеката на Плажа”.

,,Ја поздравувам иницијативата на Општина Дојран и проектот ,,Библиотека на плажа”кој Градоначалникот г-дин Борче Стамов ја воведе на Градската плажа во Дојран. Ова е одличен начин да се негува културата кај нас, а читањето книги да добие една поинаква димензија која се надевам дека ќе ја следат и  ќе ја увидат  успешен пример за надополнување на туристичките содржини и останатите туристички дестинацииво Македонија. – изјави Дејан Павлески од Клуб Матица, подржувач на проектот “Прва Библиотека на Плажа”.


Првата Библиотека на Плажа ќе започне со работа во Среда на 15.07.2015 година.