Промена на временската состојба во Македонија: Погледнете што не очекува



Утре (03.01.2017) поради приближување на влажен воздушен бран од северозапад во текот на денот облачноста насекаде ќе се зголемува.


Оваа облачност утре доцна попладне и навечер како и во текот на ноќта кон среда ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на пониските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.

Во текот на утрешната ноќ услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои места кои се на надморска височина од над 600 метри со што услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на некои од овие места.
Врнежите повеќе застапени ќе бидат во западните предели.


Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од западен правец додека Долж Повардарието и во источните предели ќе биде од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -1 степен.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ, meteomax.mk!