Приказна за љубовта, загубата и неверојатната судбина



Ова е приказна за љубовта, загубата и неверојатната судбина. Само неколку дена пред свадбата на Дејв и Ерика Ласеј, на Ерика и била дијагностицирана ретка и агресивна форма на лимфом. Починала во 2010 година, на 30-годишна возраст. Дејв останал вдовец со скршено срце, а најскапиот негов спомен биле сликите од камерата на Ерика.


Во 2012 година крадци ја ограбиле неговата куќа во Санта Ана (Калифорнија). Многу вредни предмети биле украдени, но најмногу го заболело исчезнувањето на фотоапаратот на Ерика.

“Едноставно не ми се чинеше праведно. По сè што доживеавме заедно, кога останав без фотоапарат се чувствував сеедно некој ме удрил во стомак” – вели Дејв за CNN.


Исчезнати се повеќе од 300 бесценети слики од нивниот заеднички живот. Во фотоапаратот имало и слики од погребот, Дејв знаел дека никогаш повеќе нема да ги види сликите … По една година истражителите пронашле 20 сметки на предмети кои се продадени во локална заложилница, од кои едната била за фотоапаратот. Откако полицијата ја посетила заложилницата, фотоапаратот бил пронајден. Колку повеќе ги гледале сликите, толку појасно станувало за полицајците дека овој апарат најверојатно има посебно значење. Но, полицијата немала никакви имиња, со чија помош да ја врати камерата кај сопственикот.

За среќа, препознале кафеав ѕид и некое дрво на некои од фотографиите. Кога отишле во овој дел на градот, го препознале Дејвид. Во меѓувреме, тој се имал откажано од потрагата на фотоапаратот и прво помислил дека станува збор за шега.