За паровите кои сакаат да го подобрат квалитетот на сексот, сексолозите препорачуваат да заминат на патување. Околу 75% од Американците велат дека сексуалниот живот е убав за време на одмор. Во истражувањето учествувале илјада мажи и жени на возраст меѓу 18 и 49 години.
Од нив 22% сметаат дека најдобро романтично бегство од дома е одморот на море. Околу 19% се изјасниле за спалната соба во Рим или Париз, додека 15 отсто преферираат егзотични дестинации. Речиси една четвртина од Американците веруваат дека најромантичното место е плажата, а 9% живеат за минутата кај интимните бакнежи.
Според психолозите и сексолозите резултатите не се изненадувачки, бидејќи сите се уморни од работата и бараат рекреација далеку од градот.