Прегратката е за секого еднаква големина. Прегратка понеси и доволно ти е !



Чувај ја младичу. Сеуште можеш
И ако не ја чуваш сега. Секој ден можеш да почнеш од почеток. Да сакаш една, најубава и најдобра. Иако знаеш дека не е најубава и најдобра. Не е ни важно.
Човече на неа си и се. Каков и да си. На неа си најпотребен. И кога не знаеш ништо, она те чека само тебе. Само појави се.
Верувај ми.
Без пари, исприки и објаснувања. Без одела и мускули.
Рамо ти е доволно.
Тоа не може да се плати со ништо, дали би бил ти земјоделец или принц од Монако. Исто е.
Прегратката е за секого еднаква големина. Прегратка понеси и доволно ти е.


Автор: Дејан Велевски