Мајка со рисче на Јабланица: Погледнете какви фотографии сними ловечкото друштво



Во рамките на Програмата за заштита на балканскиот рис постои мониторинг-мрежа составена од ловџии, шумари, ветеринари и љубители на природа, кои доколку видат или сликаат рис или жртва од рис, за тоа веднаш го известуваат во МЕД. Примери за успешна соработка на Македонско еколошко друштво со ловечките друштва кои се концесионери во Западна Македонија се и сликите што ги имаме добиено од ловното друштво „Питон“ од Охрид на мајка со младо на Караорман во 2014 година, како и од друштвото „Екофазан“ од Кичево, кои на почетокот на оваа година ни испратија видео од мајка со младо забележани на преминот Буковиќ (Стража).


МЕД уште од 2008 година лобира Јабланица да стане национален парк поради богатите природни вредности, но и нејзината важност како биокоридор за крупни ѕверови, меѓу кои и критично загрозениот балкански рис. Делот на Јабланица во Република Албанија е прогласен за национален парк уште во 2008 година.

Страни: 1 2