Приклучи се на Фејсбук активацијата на Бимилк и освој викенд на Пелистер!

Лимитираната зимска колекција на Битолскиот јогурт на почетокот од месецов е на полиците во маркетите, но успеавте ли и вие доволно да се радувате на снегот и да уживате во зимските авантури?

Во рамките на тековната кампања за зимската едиција на Битолскиот јогурт, за оние што сè уште сакаат да уживаат во зимската сезона, Бимилк подготви супер изненадување! Битолското чупе, овој пат во зимско руво, ве носи на прекрасните падини на Пелистер, а сè што треба да направите е да споделите интересни фотографии од вашите годинешни зимски авантури на фејсбук-страницата на Бимилк.

Сопственикот на најуникатната и најинтересна фотографија, која во рамките на активацијата што трае од денес, 30.01 до 04.02, ќе освои најголем број лајкови, ќе добие можност за нови зимски авантури со своето семејство во хотел во срцето на Баба Планина. Активацијата ќе биде отворена до 4-ти февруари.

Доколку можеби не сте го забележале новиот Битолски јогурт, лесно ќе ги пронајдете новите дизајни на амбалажите. Тие го претставуваат насмеаното Битолско чупе во една зимска идила уживајќи во зимските спортови, на скии и на сноуборд, или играјќи со Снешко Белчо во снегот.

Новите дизајни на Битолскиот јогурт се аплицирани на сите формати, односно на пакувањата од 1,5 кг, 1 кг, 500 г и 250 г, а ќе бидат достапни за продажба сè до март 2019 година.

Бимилк ве повикуваат да ги споделите вашите зимски авантури со нив. За учество во предизвикот следете го овој линк.

 

Оваа жена има интересен ритуал. Секое утро вика кон шумата. Ќе останете без зборови, кога ќе ја дознаете причината за тоа! (Видео)

Многу луѓе би дале се за да живеат меѓу природата. Далеку од метежот на големиот град, во близина на романтична шумичка. Доста во неа да нема диви животни, се разбира. Оваа жена, која ќе ја видите, дефинитивно не се плаши од шумата. Секој ден таа излегува и почнува да вика кон шумата.

По нејзиниот вик се појавува исклучително симпатична срничка која доаѓа кај неа. Таа започнува да и се радува и да и отскокнува. Потоа жената ја милува и гали. Но тоа не е сè! Потоа срничката влегува во домот на жената, сеедно е дома. Таа само сака да биде нахранета со млеко и да доручкуваат заедно. Абе, да ти се стопли душата! Убавини …

 

Забите ви се пожолтени? Еве како да ги обелите за помалку од 2 минути

Мора да сте слушнале за придобивките од кокосовото масло, кое навистина можеме да го наречеме чудо во грижата за една личност, и целосно за целокупното здравје. Но, знаете ли дека може и да ги избелите забите со тоа?

Кокосовото масло ќе ви помогне да ги избелите забите за помалку од 2 минути.

За да го направите вашиот производ за белеење дома, потребни се само 2 состојки:

– Кокосово масло

– Натриум бикарбонат

Земете еднакви делови на сода и кокоосово масло (на пример 5 лажици), добро измешајте и ставете ги во мала стаклена тегла.

Сè што треба да направите е да ја замените вашата паста за заби со овој природен и ефикасен лек.

Ефектот е видлив по првата употреба. Средството може да се чува во шкафче во бањата или во фрижидер. Кокосовото масло е одлично за вашето орално здравје, бидејќи влијае многу на здравјето на вашите заби и уста.

Нема пари за непрофитниот музички фестивал UNDERFEST, но има за Мирко и шефот на кабинетот на Шилегов

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. На конкурсот што беше распишан на 15.10.2018 година пристигнаа 411 комплетни апликации.

„Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот.
Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог проекти, односно 56% од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности; 43 областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка.

Петре Шилегов не пропушти да ги награди и да подели пари на своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата, пишува Курир. Но, дали ситуацијата е иста за останатите вредни проекти како веќе најавениеот АНДЕРФЕСТ за кој градот не одвои никакви финансиски средства.  Потсетуваме дека Underfest е фестивал наменет за млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Фестивалот ќе се одржи во Скопје кој ќе се одржи на 5ти, 6ти и 7ми Април 2019. Досега фестивалот нуди многу богата програма со преку 50-тина артисти исклучиво од Македонија, а за жал градот Скопје не одвои средства за овој проект, туку средствата ги намени за дел блиските соработници на Шилегов. Од АНДЕРФЕСТ најавија жалба до град Скопје, а од здружението напомнеуваат дека ќе бараат потоа е одговороност од Комисијата која одлучувала за избор на проектите.

Неговиот Шеф на кабинет, Никола Наумоски, кој е истовремено и братучед на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, добил 180 илјади денари за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода” за проектот Град за сите: Модерна за деца. Се делат пари од кабинетот на градоначалникот за луѓе од кабинетот на градоначалникот.

Шилегов го награди и Мирко Попов, и неговата фирма ПМГ Рекордс ДООЕЛ со 150 илјади денари за организирање на фестивал. Мирко Попов којшто деноноќно користи говор на омраза и важи за голем поддржувач на владејачката партија. Мирко и е познат на јавноста и по изјавата дека доколку би имал власт би ги запалил сите цркви во Македонија.

За овој конкурс, градот издвои 16 милиони денари. Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 29% од вкупно предвидените буџетски средства“, велат од градот.

Оваа година, од Град Скопје велат дека имаат ставено посебен акцент на поддршката на младински и на студентски проекти, а според голем дел од експертите во музичката култура оваа изјава претставува чиста глупост. Доказ за тоа е фестивалот UNDERFEST 2019, кој не успеа да добие никаква финансиска помош од градот. Потсетуваме дека Underfest е фестивал наменет за млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Фестивалот ќе се одржи во Скопје кој ќе се одржи на 5ти, 6ти и 7ми Април 2019. Досега фестивалот нуди многу богата програма со преку 50-тина артисти исклучиво од Македонија.

39 идеи за евтини состаноци

Одењето по средби е многу важно, но не секогаш мора да биде скапо. Еве идеи како да си направите средба, без да ве чини многу.

1. Гледајте филм дома.

2. Направете си маратон со гледање на серии.

3. Земете производи за омиленото ваше јадење и згответе си заедно.

4. Одете на ручеци, наместо на вечери, за да биде поевтино.

5. Не одете во ресторан, туку каснете во некое кафуле.

6. Одете на прошетка.

7. Проверете за евтини концерти или настани.

8. Изберете вечер, во која ќе играте десктоп игри со пријателите.

9. Играјте заедно видео игри.

10. Играјте покер заедно.

11. Направете си спа ден дома.

12. Посетете некоја локална атракција.