
Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. На конкурсот што беше распишан на 15.10.2018 година пристигнаа 411 комплетни апликации.
„Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот.
Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог проекти, односно 56% од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности; 43 областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка.
Петре Шилегов не пропушти да ги награди и да подели пари на своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата, пишува Курир. Но, дали ситуацијата е иста за останатите вредни проекти како веќе најавениеот АНДЕРФЕСТ за кој градот не одвои никакви финансиски средства. Потсетуваме дека Underfest е фестивал наменет за млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Фестивалот ќе се одржи во Скопје кој ќе се одржи на 5ти, 6ти и 7ми Април 2019. Досега фестивалот нуди многу богата програма со преку 50-тина артисти исклучиво од Македонија, а за жал градот Скопје не одвои средства за овој проект, туку средствата ги намени за дел блиските соработници на Шилегов. Од АНДЕРФЕСТ најавија жалба до град Скопје, а од здружението напомнеуваат дека ќе бараат потоа е одговороност од Комисијата која одлучувала за избор на проектите.
Неговиот Шеф на кабинет, Никола Наумоски, кој е истовремено и братучед на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, добил 180 илјади денари за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода” за проектот Град за сите: Модерна за деца. Се делат пари од кабинетот на градоначалникот за луѓе од кабинетот на градоначалникот.
Шилегов го награди и Мирко Попов, и неговата фирма ПМГ Рекордс ДООЕЛ со 150 илјади денари за организирање на фестивал. Мирко Попов којшто деноноќно користи говор на омраза и важи за голем поддржувач на владејачката партија. Мирко и е познат на јавноста и по изјавата дека доколку би имал власт би ги запалил сите цркви во Македонија.
За овој конкурс, градот издвои 16 милиони денари. Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 29% од вкупно предвидените буџетски средства“, велат од градот.
Оваа година, од Град Скопје велат дека имаат ставено посебен акцент на поддршката на младински и на студентски проекти, а според голем дел од експертите во музичката култура оваа изјава претставува чиста глупост. Доказ за тоа е фестивалот UNDERFEST 2019, кој не успеа да добие никаква финансиска помош од градот. Потсетуваме дека Underfest е фестивал наменет за млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Фестивалот ќе се одржи во Скопје кој ќе се одржи на 5ти, 6ти и 7ми Април 2019. Досега фестивалот нуди многу богата програма со преку 50-тина артисти исклучиво од Македонија.