Трчаме кон менструална правда: Истрчани речиси 100 км, донирани 300 Jessa менструални производи

Хуманитарна донација на dm дрогерие маркт од 300 пакети со менструални производи за социјално ранливи категории сограѓани.

Најголемиот дрогериски ланец во земјава, dm дрогерие маркт, традиционално учествуваше на Женската трка. Оваа година, учеството на вработените на dm беше со една посебна цел: Борба за менструална правда.

Од компанијата најавија дека со секој истрчан километар на dm учесничките, тие ќе донираат по 3 пакети со менструални производи. Па така, тие успеаја да придонесат кон тоа да се соберат 300 пакети со менструални производи наменети за социјално ранливи категории жени.

,,Години наназад активно вложуваме за подобрување на животот на ранливите групи сограѓани. Овојпат во центарот на нашето делување е женското здравје, а главна тема за која зборуваме е менструалната правда. Особено нѐ радува фактот што ја креваме свесноста за еден период кој е значаен дел од животот на секоја девојка и жена затоа што менструацијата е знак на созревање и растење, а не причина за срам. Со оваа донација се надеваме дека правиме значаен чекор кон тоа на секоја девојка и жена да им биде обезбеден еднаков пристап кон менструалните производи и секако да се намалат предизвиците во нивното секојдневие.“ – изјавуваат од компанијата.

Донацијата на 300 пакети со менструални производи dm ќе го реализира во соработка со Здружението на новинари за човекови права од Скопје, а приматели на донацијата ќе бидат 300 жени од Битола, Охрид, Штип, Тетово, Гостивар и Скопје.

Ова е чекор напред во борбата за менструалната правда во земјава која компанијата ја најави на почетокот на оваа година со намалување на цените на менструалните влошки и тампони од сопствената dm марка – Jessa.

Минатата година, dm своите активности ги насочи токму кон женското здравје. Во рамките на оваа кампања, dm распиша конкурс за пријава на проекти за подобрување на менталното и физичко здравје на жената. Шест од вкупно седумдесет пријавени проекти беа финансиски поддржани со над три милиони денари, помеѓу кои и проектот „Менструацијата не е луксуз“. Преку овој проект ќе бидат донирани над 170 пакети влошки за ученичките во основните училишта во земјава, 100 повеќекратни менструални влошки за жени вработени во текстилни фабрики, како и на други категории на ранливи сограѓани.

Оваа година, dm ја продолжува сеопфатната кампања за женско здравје со уште повеќе активности, со цел да даде уште поголем придонес за позитивни промени во нашата заедница, но и да ја разбуди желбата кај секој поединец да се залага за поздрав живот. Со ова, тие велат дека се надеваат дека ќе ги охрабрат жените да ги предизвикаат општествените норми, да се ослободат од ограничувањата и да ја прифатат својата сила.

МАЖИТЕ во овие хороскопски знаци се НЕПОПРАВЛИВИ РОМАНТИЧАРИ

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Доколку искуството ве научило дека мажите не можат да бидат романтични, тогаш сè уште не сте сретнале човек кој е роден во вистински хороскопски знак.
Мажите во овие три хороскопски знаци ќе ви го претворат животот во романтичен филм:
Текстот продолжува на следната страна

20 принципи по кои се водат водолиите

Водолиите имаат темперамент со кој ја освојуваат љубовта и почитта на другите.

Тие имаат доволно самодоверба за да дозволат работите да течат природно. Ако имате луѓе со овој знак во својот живот, знајте дека можат да ви понудат долготрајно пријателство, единствен поглед на работите, вистинската верзија на самите себе и храброст да бидете она што сте.

Понекогаш е тешко да водите разговор со Водолијата, затоа што тие често не сакаат да слушнат што другите имаат да кажат. Сѐ додека сте со нив, секогаш ќе има нешто ново што не сте успеале да го дознаете.

Во продолжение ви откриваме 20 принципи кои ги водат низ животот:

Еве како ги намалив стриите на стомакот после мојот пораѓај

Стриите се видливи линии на површината од кожата, а најчесто се појавуваат на стомакот, бедрата, надлактиците, задникот и градите.

Иако бременоста е мојата главна причина поради која ми се појавија стриите, сепак мора да напоменам дека и килажата која ја накачив во овој период па потоа слабеењето, во голема мера влијаеше врз ваквиот изглед.

Тука мора да го вклучам и наследниот фактор, стресот и целокупната промена која го носи овој период. Стриите ми станаа опсесија па многу читав за нив, пишува нмд.мк.

Тие се многу грди и ми ја намалија самодовербата, па така престанав да носам дводелни костими за капење, и започнав да се срамам од сопственото тело.

За моја среќа, иако во почетокот не верував, една моја пријателка ми предложи едно неверојатно средство кое наводно требало да ми помогне.

Како што напоменав, во почетокот не верував, но по инсистирање на мојата пријателка се обидов и резултатите ме изненадија.

Продолжува на следната страна

Поучна приказна: Немој никогаш да заборавиш која си и од каде доаѓаш!

Приказната што денес ќе ја прочитате е многу кратка, но затоа пак многу поучна. Кој од вас во животот не сретнал неблагодарни луѓе?

Луѓе кои откако ќе им тргне на добро, ве забораваат како никогаш да не сте постоеле? Луѓе на кои сте им дале се и ве изиграле? Ви го свртеле грбот? Е за тие луѓе е ова приказна…

Една слепа девојка била многу тажна бидејќи не можела да го види светот, а единствена радост ѝ била љубовта на нејзиното момче кое постојано било со неа. Девојката му рекла дека кога би можела само за миг да го види светот, веднаш би се омажила за него.

Текстот продолжува на следната страна